Достапни линкови

Кипар ја повикува ЕУ праведно да го подели товарот од бегалската криза


Мигранти во британска воена база на Кипар

Големите членки на ЕУ треба праведно да го поделат товарот на бегалската криза и да прифатат повеќе мигранти од земјите кои се главни влезови на миграцијата кон Европа, соопшти кипарското Министерство за внатрешни работи. Во соопштението на Министерството испратено до некои светски агенции, се наведува дека на ЕУ ѝ е потребен „поизбалансиран, сеопфатен и интегриран“ пристап кон миграцијата, кој вклучува и преместување на луѓето од земјите каде што тие прво пристигнуваат.

Статистички, Кипар е на четвртото место меѓу 28 членки на ЕУ по бројот на барања за азил по глава на жител, по Малта, Грција и Луксембург. Островската држава се наоѓа на околу 135 километри јужно од Турција и 160 километри западно од Сирија.

Кипар досега има обезбедено статус на политички бегалци за 1.065 лица, а на уште 6.500 им е обезбедена „дополнителна заштита“ - статус, кој не е бегалски, но се дава на луѓе кои не можат да се вратат во својата татковина.

XS
SM
MD
LG