Достапни линкови

Исламската држава поразена и во нивната престолнина Рака


Сирискиот град Рака

Сирискиот град Рака е ослободен од екстремистите на Исламската држава и таму веќе нема судири, а во тек се операции за чистење на градот од мини и „спијачки ќелии“ на терористичката организација, изјави денеска Талал Сило, командантот на Сириските демократски сили, кои имаат поддршка од САД. Сириските демократски сили се сојуз од арапски и курдски борци, кои со поддршка од американската авијација од ноември 2016 година почнаа офанзива во Рака, упориште и дефакто главен град на Исламската држава од јануари 2014 година. Губењето на Рака е голем удар за Исламската држава која постојано губи територии во Ирак и во Сирија, вклучувајќи го и губењето на вториот по големина град во Ирак, Мосул, пред неколку месеци. Десетици екстремисти на Исламската држава, кои одбиваат да се предадат, се уште се барикадирани на Градскиот стадион во Рака. Од почетокот на војната во Сирија во 2011 година загинаа повеќе од 330 илјади луѓе. Во Женева, под покровителство на ОН, во тек се мировни преговори за окончување на војната.

XS
SM
MD
LG