Достапни линкови

Најмалку 16 загинати во самоубиствен напад во Авганистан


Самоубиствен напад врз тренинг центар на полицијата во југоисточен Авганистан

Најмалку 16 луѓе загинале, а десетици се ранети во самоубиствен напад врз тренинг центар на полицијата во југоисточен Авганистан, соопштуваат властите. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот во Гардез, главниот град на провинција Пактиа на границата со Пакистан.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека бомбаш самоубиец го активирал автомобилот полн со експлозив во близина на тренинг центарот, по што голем број напаѓачи отвориле оган врз објектот. Меѓу загинатите имало „жени, студенти и полицајци“.

Најмалку двајца напаѓачи биле убиени во престрелките.

XS
SM
MD
LG