Достапни линкови

Турција бара самит со Иран и Ирак за курдскиот референдум


Турскиот премиер Бинали Јилдирим

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека сака да одржи состанок со лидерите на Иран и Ирак за да го координираат нивниот одговор на курдскиот референдум за независност. Овие три држави, како и Сирија имаат голема курдска популација. Најмногубројна е во Турција каде што има околу 30 милиони Курди кои со децении се брат за независност. И покрај тоа што курдскиот регион во Ирак веќе има автономија од Багдад, на референдумот одржан на 25 сепетември скоро 93 насто од Курдите гласаа за независност. Багдад, Анкара и Техеран одбија да го признаат резултатот и воведоа економски санкции за да го изолираат регионот.

XS
SM
MD
LG