Достапни линкови

Ердоган се надева дека преговорите за Сирија ќе ја решат кризата


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази надеж дека преговорите за Сирија во Астана на 14 и 15 септември ќе доведат до конректно решение.

“Преговорите во Астана се мошне важни. Како што ми соопштија подготвителната работа практично е завршена. Сметам дека ќе има конкретно решение. Сакам да ги видам плодовите од тие преговори во Астана”, изјави Ердоган на средба со претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев.

Според Ердоган преговорите во Астана ќе помогнат за олеснување на Женевскиот процес. Шестата меѓународна средба за Сирија ќе се одржи во Астана на 14 и 15 септември. На неа ќе бидат разгледани серија документи, извештаите за активностите на силите за контрола на деескалацијата и ќе продолжи работата за усогласување на составот на силите за контрола на Идлиб.

XS
SM
MD
LG