Достапни линкови

Босилово утре на референдум за рудникот Иловица


Илустрација

Во општина Босилово утре во 7 часот ќе бидат отворени гласачките кутии во 19 гласачки места каде што граѓаните на референдум ќе имаат можност да се изјаснат дали се за или против работењето на рудникот за бакар и злато Иловица и дали се за или против отворање рудници за експлоатација на метални и металични суровини во нивната општина. На единствениот гласачки список запишани се 12.301 полнолетно лице, а за референдумот, а биде успешен треба да гласаат 6.151 граѓанин или 50 отсто плус еден глас. Во општина Босилово денеска своето право на глас го оствариле четири лица кои се пријавиле како болни и изнемоштени и нивните ливчиња се затворени до утрешното пребројување, информираат од Општинската изборна комисија. Во струмичкиот регион, за работењето на рудници, на 17 септември на референдум ќе се изјаснат и жителите на општина Ново Село.

XS
SM
MD
LG