Достапни линкови

Русија: Загриженоста на Западот за воените вежби е неоснованa


Официјална Москва соопшти дека претстојните воени вежби „Запад 2017“ со Белорусија ќе бидат "чисто дефанзивни" и нема да претставуваат закана за руските соседи, НАТО или Западот. Заменик-министерот за одбрана, Александар Фомин, обвини дека загриженоста на Запад во врска со воените игри, кои требаше да се одржат во Белорусија и делови од западна Русија од 14 до 20 септември, се неосновани. Фомин тврди дека западните политичари и медиуми "шират митови за руската закана" во врска со вежбите, но дека "ниту една од овие парадоксални теории нема нешто заедничко со реалноста".

Фомин се осврна на загриженоста за намерата на вежби, прашања за бројот на војниците кои се вклучени и шпекулациите дека Русија би можела да ги искористи вежбите како покритие за окупација на Белорусија или офанзива против државите на НАТО или Украина. Фомин ги повтори бројките што претходно беа објавени, велејќи дека ќе учествуваат околу 12.700 војници - околу 7.200 од Белорусија и 5.500 од Русија. Додаде дека околу 3.000 ќе бидат во Белорусија за време на вежбите. Но, западните воени претставници и експерти велат дека вистинските бројки би можеле да бидат многу повисоки, со околу 100.000 воени лица.Русија ги одржува вежбите на Западот на секои четири години, ротирајќи ги со вежби во три други делови од земјата.

XS
SM
MD
LG