Достапни линкови

Иранскиот парламент го одобри кабинетот на Рохани


Претседателот Хасан Рохани и предложените министри пред иранскиот парламент

Иранскиот парламент ги одобри речиси сите предлози за членови на кабинетот на претседателот Хасан Рохани, вклучувајќи го и главниот ирански преговарач за нуклеарниот договор потпишан со светските сили во 2015, Мохамед Џавад Зариф. Парламентот не одобри само еден предлог за член на кабинетот на Рохани.

Иранските пратеници денеска одобрија 16 од 17 министри предложени од Рохани, рече претседателот на парламентот.

Парламентот го одби предлогот за на Рохани за министер за енергија, Хабиболал Битараф. Пратениците го критикуваа поради одговорот на владата за време на кризите со вода.

Кабинетот на Иран има 18 министерски места, но Рохани допрва треба да номинира некој што ќе го води Министерството за наука, кое го надгледува високото образование.

XS
SM
MD
LG