Достапни линкови

Толсон: Америка се наоѓа во нова класна борба


Џеј Толсон

Уредникот на Хеџкок Ривју од Инстиутот за напредни културни студии на универзитетот во Вирџинија, Џеј Толсон, во интервју за Радио Слободна Европа вели дека ниската средна класа во САД се чувствува економски несигурна, додека средната класа смета дека некои групи уживаат во привилегиите кои тие ги немаат. Тој смета дека расизмот во САД не е искоренет и очекува слични ситуации по онаа во Шарлотсвил.

РСЕ: Граѓанската војна во САД заврши пред повеќе од 150 години. Можете ли да објасните зошто има толку споменици посветени на војниците и командантите на Конфедерацијата? Зошто тие денес се во центарот на вниманието?

Со движењата за граѓански права во педесетите и шеесетите години требаше да им се стави крај. И во извесна мера тоа и се случи. Она што сега имаме е барање на, пред се, Афроамериканските граѓани и друга група за преиспитување на сеќавањата за граѓанската војна. Повторно или всушност за прв пат сеќавањето и историјата не се иста работа, како што веќе знаете. Кога се менуваат спомениците, според зборовите на извршниот директор на американскиот сојуз за историја во Њујорк Тајмс, не се менува историјата, туку начинот на кој историјата се памети.

Така што оваа војна сега што се случува околу културата во нашето општество не почна минатата недела во Шарлотсвил, туку се случува години нанзад. Оваа културна војна се врти околу сеќавањата на граѓанската војна и нејзиното наследство.

РСЕ: Како САД денеска ја помнат таа војна?

На различни начини. Се зависи од тоа каде се наоѓате и од каде потекнувате. Некои сметаат дека јужњаците односно таканаречените националисти од белата раса се вознимируваат кога овие споменици се отстрануваат бидејќи се обидуваат да ја зачуваат нивната традиција и наследство. Нивниот аргумент е дека граѓанската војна била грозна, но и дека не сите јужаци се бореле за ропство, правата на државата и за Конфедерацијата.

Меѓутоа, овој став научниците генерлано го сфаќаат како оправдување, бидејќи правата држава не само на југот и на запад се движела околу зачувувањето на робовладетелскиот систем. Мислам дека ова историски е препознаено како погрешен заклучок, но од друга страна постојат добронамерни луѓе кои сметаат дека сеќавањето на личностите од граѓанската војна во јужните држави, хероите на Конфедерацијата ако сакате, заслужуваат обележје на историски начин.

Сметам дека Афроамериканците од југот, исто како и тие од северот и другите делови од земјата се спротиставија на тој став. Тие ја паметат војната како борба за ослободување од ропството. Би рекол дека повеќето Американци денес имаат ист став за војната, но бидејќи претседателот Доналд Трамп има една комплицирана и нејасна перспектива, тогаш ставот на повеќето Американци е доведен во прашање.

РСЕ: Дали расните несогласувања денес во САД се поголеми отколку во минатото или медиумите ја искривија сликата?

Не сметам дека денес расните несогласувања се неминовно поголеми меѓу сите Американци, но има некои луѓе кои мислат дека се. Голем број на приврзаници на надмоќноста на белата раса, ултра-десницата или нео-нацистите, се разбира дека велат дека Афроамериканците ја искористуваат расата за сопствен интерес. Белите Американци исто така тврдат дека условите за живот им се загрозени, посебно на економски план и да никој не ја почитува нивната култура, што ги вклучува и симболите на Конфедерацијата. Ова е всушност војна околу културата со економски димензии и со димензија на класна борба. Не зборувам за класна борба за која пишуваше Карл Маркс, туку за класна борба заразена со културна димензија.

РСЕ: Зарем претседателството на Барак Обама не беше знак дека САД конечно ги совладаа расните поделби?

Не сметам дека Обама имаше такво оптимистичко мислење за ситуацијата во Америка. Мислам дека разбираше оти расизмот секогаш ќе постои. Расизмот може да биде анализиран и толкуван на различни начини во опшстествените науки, како знак конфликт и слично. Но, не, ниту Обама, ниту неговиот избор го укинаа расизмот.

РСЕ: Во тој дух дали ќе видиме и во наредните денови и недели слични борби околу спомениците и статуите на Конфедерацијата?

Да секако. Еден ден по Шарлотсвил, демонстранти во северна Каролина отстранија споменик на една личност од времето на Конфедерацијата беа никкаво одобрување на локалните власти. Ќе видиме уште многу такви ситуации.

XS
SM
MD
LG