Достапни линкови

Повици за единство и против расизмот во САД


Во САД протести против омрзата и расизмот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:23 0:00

Во САД протести против омрзата и расизмот

Илјадници луѓе се собраа во повеќе градови во Соединетите Држави против расизмот и насилните демонстрации на екстремните десничарски групи во Шарлотсвил, Вирџинија. Во истовреме, државниот секретар Рекс Тилерсон оцени дека во американскиот јавен дискурс нема место за омраза и насилство.

До ова дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини двете страни за насилството во Шарлотсвил во кое загина една 32-годишна жена, а дваестина други беа ранети.

Насилствата беа предизвикани по протестите на повеќе групи од екстремната десница, меѓу нив и расистичката Кју Клукс Клан, како и неонацистите.

Изјавата на Трамп веднаш беше критикувана од демократите, но и од неговите републиканци.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс на прес-конференција во Сантијаго за време на посетата на Чиле директно не одговори на прашањето за неговото мислење во врска со контроверзните оценки на Трамп за насилствата во Шарлотсвил.

„Ние исто така се молиме дека во Америка нема да дозволиме неколкумина да го делат мнозинството. Силата на Соединетите Држави е секогаш најголема кога сме обединети“, рече Пенс.

Државниот секретар Рекс Тилерсон, по средбата до шефицата на канадската дипломатија Кристија Фриланд во Вашингтон, рече:

„И мислам дека затоа е соодветно да се коментираат неодамнешните настани во Вирџинија. Наша осуда на таков вид омраза и насилство. Едноставно нема место за тоа во нашиот јавен дискурс“, рече тој.

Американскиот јавен обвинител Џеф Сешонс пак, осврнувајќи се врз настаните во Шарлотсвил оцени:

„Не можеме, никако не можеме да прифатиме, да се извинуваме за расизам, нетолеранција, омраза, насилство и такви видови работи кои премногу често се јавуваат во нашата земја“, рече тој.

Критики за изјавата на претседателот Доналд Трамп дека и белите националисти и демонстрантите кои се противат на нив, се виновни за насилството во Шарлотсвил, дојдоа и од повеќе меѓународни организации за човекови права, како и од официјални претставници на клучните американски сојузници Британија и Германија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG