Полицијата успеа да го отргне Кеслер од разгневените демонстранти кои извикуваа „убиец“.
Неколку стотици метри понатму се поставуваа свеќи за 32-годишната Хедер Хејер која загина, а деветнаесет лица беа ранети откако 20-годишниот Алекс Филдс намерно го насочил својот автомобил во група демонстранти.
Во саботата на митингот на белите националисти имаше тепачки меѓу нив и контрадемонстрантите.
Полицијата во Шарлотсвил соопшти дека загинувањето на двајца полицајци во хеликоптерската несреќа во градот исто така било поврзано со протестите. Претседателот Доналд Трамп ги осуди насилствата и повика на обединетост.
„Ние внимателно ги следиме страшните настани што се случуваат во Шарлотсвил, Вирџинија. Ние најостро го осудуваме ова исклучително изразување на омраза, фанатизам и насилство од многу страни, многу страни“, рече Трамп.
Но, претставници на Демократската партија, како и некои републиканци го критикуваа бидејќи за насилството ги обвини омрзата и нетрпеливоста на „многу страни“, односно дека јасно не ги осуди белите екстремистички групи.
Белата куќа во неделата соопшти дека Трамп во изјавата нагласил дека јасно ги осудува сите видови насилство, нетрпеливост и омраза.
„Секако дека тоа ги вклучува белите расисти, Кју клукс кланот, неонацистите и сите екстремистички групи“, се наведува во соопштението.
Настаните во Шарлотсвил ги осуди и потпретседателот Мајк Пенс кој изјави дека ваквите екстремистички појави немаат место во Соединетите Држави.
„Немаме толерантност за омразата и насилството,за белата надмоќност, за неонацити или за Клу Клус кланот. Овие опасни групи немаат место во американскиот јавен живот и во американските дебати и ги најостро ги осудуваме“, рече Пенс.
Собирот на екстремините десничари беше одржан во знак на протест поради отсранување на споменикот на генерал Роберт Ли од градскиот парк во Шарлотсвил. Тој беше командант на силите на Конфедерацијата на Југот во американската граѓанска војна од 1861 до 1865 година.