Достапни линкови

Спасувачка операција во поплавениот рудник за дијаманти на Сибир


Поплавен рудник во Русија во март, минатата година.

Руските власти соопштија дека спасувачките екипи се обидуваат да евакуираат над 150 работници во поплавениот рудник за дијаманти во Сибир. Рускиот гигант за дијаманти Алроса соопшти дека водата денеска го поплавила рудникот Мир. Министерството за вонредни ситуации посочи дека 151 работник се наоѓал во рудникот кога пукнала цевка.

Според извештаите, спасувачките тимови воспоставиле контакт со поголемиот дел од рударите и некои од нив се евакуирани. Нема извештаи за жртви.

XS
SM
MD
LG