Достапни линкови

Австралиската полиција спречи терористички заговор


Австралискиот премиер Малколм Турнбул изјави дека полицијата спречила терористички заговор кој имал за цел да урне авион. До ова доаѓа по вчерашната акција на полицијата која влега во неколку домови во областа Сиднеј и уапсила четворица мажи.

"Можам да пријавам дека минатата ноќ имавме голема заедничка антитерористичка операција за да се спречи терористички заговор за соборување на авион", изјави Турнбул и додаде дека операцијата продолжува.

Премиерот соопшти дека поголемо обезбедување е поставено на сите поголеми аеродроми во државата.Според него наводно е спречен детален терористички заговор, а не нешто што би можел да го изврши некој сам. Од австралиската федерална полиција соопштија дека деталите за конкретната локација и времето на потенцијалниот терористички напад сè уште не се јасни.

XS
SM
MD
LG