Достапни линкови

Попоски: Заборавени интересите на Македонија во договорот со Бугарија


Никола Попоски, ВМРО- ДПМНЕ.

Никола Попоски од ВМРО ДПМНЕ, денеска по објавувањето на договорот со Бугарија, изјави дека владата излегла во пресрет на барањата на Софија, но оти се добива впечаток дека ги заборавила интересите на Македонија. Според него, станува збор за меѓудржавен договор, но спрецифично, како што наведе, е дека има определно оспорување на посебноста на македонскиот јазик и на Македонија како нација.

За да добие поддршка во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, тој истакна дека ќе мора да има корекции во делот на националните интереси. Попоски порача дека е потребен фер договор кој ќе затвора проблеми, а не ќе креира фрустрација на патот на Македонија кон ЕУ. Таков фер договор, според него, ќе биде основа за добивање најширока поддршка во Собранието и чувствата во јавноста ќе бидат дека со него се добива, а не се губи.

XS
SM
MD
LG