Достапни линкови

Во Грција уапсен Русин осомничен за перење пари


Грчката полиција го уапси рускиот државјанин Александар Виник, Солун, 26.07.2017.

Грчката полиција соопшти дека го уапсила рускиот државјанин Александар Виник под сомневање дека бил главен организатор на систем за перење пари, користејќи ја виртуелната валута биткоинт. 38 годишниот Виник бил уапсен во Солун по потерница од Соединетите држави за нелегална зделка од 4 милијарди долари. Биткоинт е виртуелна компјутерски креирана валута и за разлика од реалните пари како доларот или еврото не е гарантирана од некоја влада во светот. Но, како и другите валути биткоинтот може да се менува за стока и услуги или за други валути доколку другата страна се согласи на тоа.

XS
SM
MD
LG