Достапни линкови

Двајца загинати и над 500 повредени од земјотресот на Егејско Море


Уништен автомобил на грачкиот остров Кос.

Двајца загинати и над 500 повредени е најновиот биланс на жртвите од земјотресот со интензитет од околу 6,5 степени според Рихтеровата скала, што рано изутирнава ги погоди грчкиот остров Кос во југоисточниот дел на Егејското Море и блиското турско крајбрежје.

Двајцата загинати се туристи од Шведска и Турција, кои ги загубиле животите кога врз нив се урнал ѕид од еден ноќен бар на Кос.

Грчките власти соопштија дека загинатите се идентификувани, но одбијат да ги соопштат нивните имиња.

На Кос се регистирани околу 150 повредени лица, од кои 13 се здобиле со потешки повредеи и се пренесени во болници. Во исто време, како што соопштија турските власти, од потресот и ударот на цунамито на јужното егејско крајбрежје на Турција се повредени речиси 350 луѓе.

XS
SM
MD
LG