Достапни линкови

Шефот на француската војска поднесе оставка


Шефот на француските вооружени сили, генералот Пјер де Вилие.

Шефот на француските вооружени сили, генералот Пјер де Вилие поднесе оставка од функцијата по спорот со претседателот Емануел Макрон за буџетските кратења. Вилие наведе дека повеќе не чуствувал оти е во можност да ја предводи армијата, која како што истакна, е со цел да се осигура заштитата на Франција и нејзините жители.

Недоразбирањата меѓу Вилие и Макрон започнаа во минатата недела кога генералот изјави дека нема да дозволи војската да биде изиграна од владините планови за кратење на 980 милиони долари од буџетот.

XS
SM
MD
LG