Достапни линкови

Паузи, координација и дебата во Собранието


Дискусијата на шестата собраниска седница заглави на точката за општите акти на народниот правобранител, а најголемиот дел од пратениците и координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ се пријавени за збор. Пратениците на опозицијата поставија нов услов, односно расправата за разрешувањето на Марко Зврлески да се отвори, дури откако во редовна постапка ќе бидат разгледани измените на законот со кои тие бараат да го предложат неговиот наследник.

За власта нема дилема дека е очигледна намерата до бескрај да се одолговлекува разрешувањето на Зврлевски. Спикерот Џафери, обраќајќи им се на пратениците и на јавноста рече дека нема да коментира која е намерата со честото прекинување на седницата со барања за паузи и ќе остави јавноста да го процени тоа.

“За секој час побарана пауза, ќе ја продолжувам седницата за еден час после 18 часот,” рече Џафери.

Пратениците на денешното продолжение расправаат по четвртата точка на дневен ред за предлогот на одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, која започна уште минатата недела, а дебата е прекинувана со чести паузи на барање на 10 пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ. Следна точка на дневен ред е разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

XS
SM
MD
LG