Достапни линкови

Руската полиција влезе во просториите на Навални


Русија - поддржувачи на Навални собрани пред неговата кенцеларија во Москва. 06.07.2017

Московската полиција влезе во изборната канцеларија на лидерт на опозицијата Алексеј Навални, еден ден пред да биде ослободен од затвор, велат активисти.

Според неговите поддржувачи околу десет полицајци влегле во седиштето на Навални и заплениле компјутери и литература за кампањата, а подоцна ги запечатиле и вратите. Полицијата не ги коментираше ваквите извештаи, но сојузниците на Навални велат дека властите извршиле рации и во други руски градови конфискувајќи памфлети за кампањата.

Навални вети дека ќе се кандидира за изборот за претседател на Русија во март 2018 година, кога се очекува лесно да биде реизбран Владимир Путин. Руските власти му забранија на Навални да се кандидира на изборите, наведувајќи криминална осуда кој тој ја нарече политички мотивирана за да се блокира неговата кандидатура.

XS
SM
MD
LG