Достапни линкови

Јанакиески, Димитриев и Рангелова на распит во СЈО


Архивска фотографија: Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот премиер Емил Димитриев и пратеничката Даниела Рангелова денеска се појавија во Специјалното јавно обвинителство. Беа на распит како осомничени во случајот „Талир“, за перење пари и нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Јанакиески рече дека бил осомничен зашто „ставил параф на некој договор“ и го повика СЈО да отвори постапки и против СДСМ за да докаже дека не се нивна испостава. Димитриев не сакаше да ја коментира истрагата за „Талир“, а Рангелова рече дека не е виновна.

Специјалната обвинителка, Катица Јанева објасни дека сите осомничени во „Талир“ се повикани на распит во СЈО, дел од нив денеска, дел в понеделник, но некои од нив одбивале да ги примат поканите и да се појават во СЈО. Јанева најави оти може да поднесе барање за нивно присилно донесување на распит.

XS
SM
MD
LG