Достапни линкови

Трамп - Добив целосно и комплетно оправдување со сведочењето на Коми


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер напиша дека добил „целосно и комплетно оправдување“ со сведочењето на поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми пред Сенатскиот комитет за разузнавање за наводното руско мешање во претседателските избори во САД во 2016 година.

Денешната објава на Трамп е прв негов јавен коментар во врска со сведочењето на Коми, кој го обвини Трамп и неговиот тим дека лажеле за причините за неговото разрешување и за обид за поткопување на истрагата за можна поврзаност на соработници на Трамп со наводниот руски обид да се влијае на изборите во корист на Трамп.

„И покрај толку многу лажни изјави и лаги, целосно и комплетно оправдување“, пишува Трамп на Твитер и додава дека Коми е изворот на протечените документи во медиумите.

Адвокатот на Трамп, Марк Касовиц нагласи дека Коми потврдил дека му кажал на американскиот претседател дека тој не е под истрага и навести дека Коми може да биде гонет за оддавање „повластени информации“.

XS
SM
MD
LG