Достапни линкови

Груевски во Брисел се сретнал со Хан


Архивска фотографија-претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска во Брисел се сретнал со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, јавува МИА. По 45-минутната средба со еврокомесарот, Груевски рече дека разговарале за состојбата во Македонија и за она што следува.

„Позиција на ВМРО-ДПМНЕ е дека е крајно време на Македонија да и се овозможи почеток на преговорите за членство во Европската унија, бидејќи направивме многу реформи во минатото, во сите сфери и сектори. Реформи нови секогаш ќе има. Тоа било и така ќе остане за секоја земја и во членките на ЕУ и во земјите што се надвор од ЕУ, но не може постојано тоа да биде изговорот зошто не се отвораат преговорите за членство“ изјави Груевски по средбата.

Тој рече и дека нивна генерална позиција е дека треба Македонија да ја добие и поканата за НАТО. Претседателот ВМРО-ДПМНЕ со Хан разговарал и за други аспекти од политички живот поврзан со понатамошните политички процес во Македонија.

„Независно што сме во опозиција, ние остануваме на истиот курс и остануваме да се бориме за Македонија, со сите средства и од позиција на опозиција. Разговаравме и за работи што беа дел од политичкиот живот од минатото, сега и очекувања за во иднината“ вели Груевски.




XS
SM
MD
LG