Достапни линкови

Суомалаинен испрати честитки до новоизбраниот премиер


Шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорката Нина Суомалаинен, денес испрати честитки до новоизбраниот премиер Зоран Заев.

„Ја поздравувам посветеноста која што ја изразивте да преземете широк спектар на реформи во интерес на сите граѓани“, вели Соумалаинен.

Во соопштението на ОБСЕ се наведува дека тие се подготвени да ги поддржат институциите и сите партии во исполнувањето на заложбите на ОБСЕ и спроведувањето на Охридскиот рамковен договор.

XS
SM
MD
LG