Достапни линкови

Средба Заев-Ахмети во седиштето на СДСМ


Илустрација-претседателите на СДСМ и на ДУИ,Зоран Заев и Али Ахмети

Во седиштето на СДСМ попладнево почна средбата на мандатарот Зоран Заев и претседателот на ДУИ Али Ахмети. Ова е прва средба на двајцата лидери на партии откако Заев во средата го доби мандатот за состав на новата влада од шефот на државата Ѓорге Иванов.

На неа, според очекувањата, треба да се разговара за поделбата на министерствата и можните персонални решенија кои би ги воделе.

Заев веќе се сретна со претседателот на Беса Биљал Касами, но тоа како што кажаа двајцата лидери, била само почетна средба. Според најавите Заев деновиве ќе се сретне повторно со нив и со претставниците на Алијансата за Албанците.

Иако има уставен рок од дваесет дена за составување влада, мандатарот најави дека таа е можно да се формира побрзо.

XS
SM
MD
LG