Достапни линкови

Ирачката војска ја продолжува офанзивата во Мосул


Операција против Исламска држава јужно од Мосул, Ирак, 30.10.2016

Ирачката војска продолжи со офанзивата на источниот фронт во Мосул како дел од операцијата за преземање на северниот град од Исламска држава. Ирачката војска соопшти дека со помош на автомобили бомби се прави обид да се сопре напредокот, но дека целта е војската да влезе во источен Мосул денеска.

Големата офанзива за преземање на градот кој е заземен од екстремистичката група во 2014 година почна пред две недели.Засега се чини дека операцијата ќе трае со недели. Ирачката шиитска милиција поддржана од Иран за време на викендот соопшти дека почнале со напади против милитантите од Исламска држава западно од Мосул,кон градот Тал Афар.

XS
SM
MD
LG