Достапни линкови

Спасовски- Истражителот на СЈО фотографирал објект на Мијалков


Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи

Опремата што се наоѓа во зградата ќе биде обезбедена вечерва од Министерството за внатрешни работи и видео надзорот, рече доцна вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој по барање на Специјалното јавно обвинителство се сретна со нивниот тим. До ова дојде откако еден нивни истражител беше остранет од просториите на УБК, а друг повикан на информативен разговор во полициската станица Беко.ц

“Поддршката моја ја имаат како што ја имаат во целиот овој процес и ги расчистивме работите. Специјалната јавна обвинителка го повлече истражителот заради тоа што најверојатно имаат недоразбирање во начинот на договор со УБК. Во моментот кога ќе се обезбедат техничките услови со присуство на човекот од Ериксон да се комплетира постапка бидејќи веќе две-третини од наредбите се извршени. Само треба јавноста да знае дека нема никаков проблем и дека судските наредби ќе бидат завршени до крај ”рече Спасовски.

Истражителот кој беше претходно повикан на информативен разговор во полициската станица Беко бил повикан по насоки на Јавното обвинителство.

“Истражителот на СЈО кој што беше во Беко денеска бил забележан како фотографира објект закај кој што го забележало обезбедување на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков , бил повикан на разговор во станицата Беко , направен е првичен разговор, понатаму е најавено во јавното обвинителство и по насока на јавниот обвинител е побарана негова изјава и целиот предмет е предаден во Јавното обвинителство а истражителот е пуштен”рече Спасовски.

XS
SM
MD
LG