Достапни линкови

НАТО загрижен поради руските бродови на Средоземно море


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост од можноста руските воени бродови на Средоземно море да бидат употребени за воени удари во Сирија со што, како што оцени, би се влошила ситуациијата во која се наоѓаат цивилите во таа земја. Тој прецизира дека руската морнарица ја користела истата рута, но оти сега постоела загриженост „групата носачи на авиони да се употреби како дел од воздушните операции над Сирија“. Во меѓувреме, Британија распореди воени бродови да ги надгледуваат руските носачи на авиони во Северно море и Каналот Ла манш.

XS
SM
MD
LG