Достапни линкови

Помошник генералниот секретар на НАТО Бренгелман утре во Македонија


.
Во редовна годишна посета на Република Македонија, утре ќе претстојува МАП тимот на НАТО на високо политичко ниво, предводен од помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, амбасадорот Дирк Бренгелман.
Како што соопшти денеска МНР, амбасадорот Бренгелман ќе се запознае со статусот на прогресот на Република Македонија, во однос на имплементацијата на реформските процеси во земјата во насока на целосна евро-атлантска интеграција и членство во НАТО.
XS
SM
MD
LG