Достапни линкови

Вучиќ - Ќе го отстраниме споменикот на ОВПМБ од Прешево


Споменикот на загинатите припадници на расформираната Ослободителна војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац (ОВПМБ) во Прешево.
Српскиот вицепремиер и министер за одбрана Александар Вучиќ за време на посетата на базата „Добросин“ кај Бујановац изјави дека наскоро државата ќе реагира во врска со спорниот споменик во Прешево.

Вучиќ на прес-конференцијата не прецизираше точно кога споменикот на загинатите припадници на расформираната Ослободителна војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац (ОВПМБ) ќе биде отстранет, но додаде дека никој не може да се однесува „противправно“ и како причина за тоа да бара во етничката припадност.

„Го почитуваме ставот на меѓународната заедница, а тие сметаат дека тоа е внатрешно прашање на Србија. На сите им е јасно и е сосема очевидно дека претераа“, нагласи Вучиќ.

На вчерашната седница на албанските општински советници од трите општини во
јужна Србија беше усвоена декларација со која се отфрла барањето на српската Влада за отстранување на споменикот на ОВПБМ, а се бара и интернационализација на овој проблем.
XS
SM
MD
LG