Достапни линкови

Нов шеф на набљудувачката мисија на Арапската лига во Сирија


Анти-владините протести во Сирија
Министрите за надворешни работи на Арпаската лига се сретнаа во Каиро, каде разговараа за наредните чекори по неусвојувањето на резолуцијата за Сирија на советот за безбедност на ОН.
Според извештаите, министрите ја прифатиле оставката на шефот на набљудувачката мисија на лигата во Сирија, суданскиот генерал Мохамед Ахмед ал Даби. Неговата функција ќе ја извршува поранешниот јордански министер за надворешни работи Абдел Илах Хатиб.
XS
SM
MD
LG