Достапни линкови

Салех ја отфрли спогодбата за пренос на власта


Али Абдула Салех
Јеменскиот претседател Али Абдула Салех ја отфрли спогодбата за пренос на власта, според која тој би се повлекол, а за возврат би добил имунитет од кривично гонење. Според член на владејачката партија, Салех кој се наоѓа на лекување во Саудиска Арабија, рекол дека треба да се разјаснат деталите на оваа спогодба.
Договорот, кој беше поддржан и од САД, е предложен од група заливски земји предводени од Саудиска Арабија. Според него, Салех би ја пренел власта на својот заменик, кој би останал се до одржувањето на престседателски и парламентарни избори.
XS
SM
MD
LG