Достапни линкови

Ракетен напад во близина на странските нафтени компании во Басра


Илустрација - Припадници на ирачката полиција

Област во близина на странските и државната нафтена компаниија во Басра, Ирак ноќеска била ракетирана, а за сега нема извештаи за жртви, јави новинаската агенција Ројтерс.

Според ирачката полиција, ракетите „катјуша“ биле лансирани околу 3 часот по полноќ по локално време и удриле во станбениот комплекс и оперативниот штаб Бурџесија западно од Басра. Во исто време, ирачката војска изјави дека ракетите удриле близу американската компанија „Халибартон“, пренесе Ројтерс.

Нападот на нафтените постројки се случи откако претходно цените на нафтата продолжија да паѓаат откако Русија и Саудиска Арабија ги одложија преговорите за намалувањето на производството на нафта, со што продолжува загриженоста за прекумерното снабдување. Првично, средбата беше закажана на 6 април, но разговорите беа одложени до 9 април.

XS
SM
MD
LG