Достапни линкови

Путин прифаќа измени на Уставот за да може пак да се кандидира за претседател


Долниот парламент на Русија, Државната Дума, го одобри уставниот амандман со кој ќе се овозможи претседателот Владимир Путин да се кандидира за нов претседателски мандат во 2024 година. Сега Уставот му дозволува на претседателот да има само два последователни шестгодишни мандати. 67-годишниот Путин требаше да се повлече во 2024 година, кога ќе заврши неговиот втор последователен претседателски мандат.

Непосредно пред денешното гласање за амандманот, Путин рече дека се согласува со тоа, но само доколку биде одобрен од Уставниот суд.

„Во принцип, оваа опција би била можна, но под еден услов - доколку уставниот суд донесе службена одлука дека таквиот амандман не би бил во спротивност со принципите и главните одредби на уставот“, рече Путин во обраќањето до Државната Дума .

XS
SM
MD
LG