Достапни линкови

Трамп: Америка никогаш не била посилна


Трамп: азиската турнеја - историска
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00

Трамп: азиската турнеја - историска

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека неговата турнеја во Азија покажала оти позицијата на Соединетите Држави во светот „никогаш не била посилна“.

Претседателот Трамп во получасовното обраќање од Белата куќа зборуваше за дванаесетдневната азиска турнеја и, како што рече, сакал да ја запознае нацијата со „огромните успеси“, постигнати во текот на престојот во Јапонија, Јужна Кореја, Кина, Виетнам и Филипините.

Трамп изјави дека странските земји ги поздравиле Соединетите Држави со неверојатна почит.

„Оваа голема почит покажа многу добро дека нашата земја е уште еден доказ за обновената доверба на Америка и оти нашата позиција во светот никогаш не била посилна отколку што е во моментов“, рече тој.

Трамп особено се осврна врз двете централни точки на неговото патување: севернокорејските закани и трговската размена со Азија.

Притоа тој изјави дека „Америка веќе нема да биде слепа за трговските злоупотреби“, повторувајќи дека надминувањето на нееднаквиот трговски баланс меѓу Азија и САД е во центарот на неговата агенда „Америка на прво место“, за која вели дека ќе ги заштити американските работници.

Трамп повика на заеднички напори за затегнување на притискот врз Северна Кореја, наведувајќи дека Јужна Кореја се согласила да им се придружи на Соединетите Држави во санкционирањето на другите непријателски актери кои ги поддржуваат нуклеарните и ракетните програми на Северна Кореја.

Трамп додаде дека кинескиот претседател Си Џинпинг признал оти „нуклеарна Северна Кореја“ претставува сериозна закана за Кина.

„И ние направивме пат кон мирот и безбедноста во нашиот свет каде што суверените нации можат да напредуваат, да цветаат и да просперираат една до друга. Ова е нашата прекрасна визија за иднината. Ова е иднина каде што оваа визија, овој сон е можен само ако Америка е силна горда и слободна“, рече американскиот претседател.

Трамп на два пати направи пауза за да се напие вода и не одговори на новинарско прашање дали кандидатот на републиканците за Сенатот Рој Мур од Алабама треба да поднесе оставка поради наводите за сексуално малтретирање.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG