Настаните на денот низ фотографии - 20 октомври 2020.
Уморни и орни
![ШВАЈЦАРИЈА - Ставете ги контактите во изолација, порача денеска директорот за кризни ситуации во Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, среде вториот бран на панемијата на коронавирус и наглиот пораст на бројот на заразени лица во Европа и САД.](https://gdb.rferl.org/5e862bd7-ce39-47f8-9b99-836d742e3b74_w1024_q10_s.jpg)
1
ШВАЈЦАРИЈА - Ставете ги контактите во изолација, порача денеска директорот за кризни ситуации во Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, среде вториот бран на панемијата на коронавирус и наглиот пораст на бројот на заразени лица во Европа и САД.
![СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека Софија не бара промена на уставот и дека сметам оти нема потреба од промена на договорот со Бугарија. Вели дека е оптимист дека ќе се решат проблемите помеѓу Македонија и Бугарија и додаде дека нема потреба од лидерска средба, затоа што тоа може да му одмогне на процесот.](https://gdb.rferl.org/ccaec740-b634-4f3b-bce8-c09565986333_cx0_cy10_cw0_w1024_q10_r1_s.jpg)
3
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека Софија не бара промена на уставот и дека сметам оти нема потреба од промена на договорот со Бугарија. Вели дека е оптимист дека ќе се решат проблемите помеѓу Македонија и Бугарија и додаде дека нема потреба од лидерска средба, затоа што тоа може да му одмогне на процесот.
![ХРВАТСКА - Продолжувањето на политиката на проширување на ЕУ ќе биде позитивен сигнал за целиот регион како суштински интерес и на земјите-членки на Унијата, за европски Западен Балкан, заклучиле на денешната средба во Загреб, министрите за надворешни работи на Македонија и Хрватска, Бујар Османи и Горан Грлиќ-Радман.](https://gdb.rferl.org/6dd8b979-4abc-4cd5-ac76-087b2867a5e7_w1024_q10_s.jpeg)
4
ХРВАТСКА - Продолжувањето на политиката на проширување на ЕУ ќе биде позитивен сигнал за целиот регион како суштински интерес и на земјите-членки на Унијата, за европски Западен Балкан, заклучиле на денешната средба во Загреб, министрите за надворешни работи на Македонија и Хрватска, Бујар Османи и Горан Грлиќ-Радман.
![ТУРЦИЈА / ГРЦИЈА - Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас испрати писмо до германскиот колега Хајко Мас и шпанската министерка за надворешни работи Аранча Гонсалес-Лај, во кое бара да се воведе ембарго на увозот на оружје во Турција.](https://gdb.rferl.org/dd040462-ea13-43c1-a1d1-d66183c8e212_cx10_cy2_cw63_w1024_q10_r1_s.jpg)
5
ТУРЦИЈА / ГРЦИЈА - Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас испрати писмо до германскиот колега Хајко Мас и шпанската министерка за надворешни работи Аранча Гонсалес-Лај, во кое бара да се воведе ембарго на увозот на оружје во Турција.