Настаните на денот низ фотографии - 20 октомври 2020.
Уморни и орни
![КАНАДА - Границата меѓу Канада и Соединетите држави ќе остане затворена до 21 ноември за патувања што не се многу потребни со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, соопшти канадското Министерство за јавна безбедност.](https://gdb.rferl.org/77d43e55-29ed-41e2-97e0-80cd06dbaa19_w1024_q10_s.jpg)
6
КАНАДА - Границата меѓу Канада и Соединетите држави ќе остане затворена до 21 ноември за патувања што не се многу потребни со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, соопшти канадското Министерство за јавна безбедност.
![САД - Претседателот на САД Доналд Трамп го нарече главниот владин специјалист за заразни болести, Ентони Фаучи, катастрофа, наведувајќи дека Американците се уморни од коронавирусот, дури и кога бројот на нови случаи продолжува да расте во многу држави.](https://gdb.rferl.org/2b837e87-4632-4e22-9621-844668ebc110_cx25_cy25_cw52_w1024_q10_r1_s.jpg)
7
САД - Претседателот на САД Доналд Трамп го нарече главниот владин специјалист за заразни болести, Ентони Фаучи, катастрофа, наведувајќи дека Американците се уморни од коронавирусот, дури и кога бројот на нови случаи продолжува да расте во многу држави.
![КОСОВО / СРБИЈА - Косово и Србија постигнаа согласност во Брисел за нацрт-договорот за пронаоѓање на исчезнати лица, кој ќе биде функционален во случај да се постигне конечен договор, беше речено на состанокот на косовската владина комисија за исчезнати лица.](https://gdb.rferl.org/794992c5-e460-4752-8b71-cba196cd3bd0_w1024_q10_s.jpg)
8
КОСОВО / СРБИЈА - Косово и Србија постигнаа согласност во Брисел за нацрт-договорот за пронаоѓање на исчезнати лица, кој ќе биде функционален во случај да се постигне конечен договор, беше речено на состанокот на косовската владина комисија за исчезнати лица.