Достапни линкови

Османи со Борел за дијалогот Приштина-Белград


Бујар Османи

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи оцени дека успехот на дијалогот Приштина-Белград, што се одвива во Брисел, ќе придонесе за надминување на разликите и за создавање стабилен и безбеден регион. Османи рече дека во Брисел на средбата со потпретседателот на Европската комисија и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел, потенцирал дека успехот на дијалогот и нормализацијата на односите меѓу Приштина и Белград ќе бидат основа за зголемување на регионалната соработка. „Можете да сметате на Северна Македонија како стабилен партнер во регионот, земја која е секогаш подготвена да им помогне на ваквите напори во рамките на своите можности“, рече Османи.

Османи во дипломатска мисија во Брисел

Според Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, Османи, кој престојува во работна посета на Брисел, разговарал со Борел за претстојните преговори со ЕУ и за „заедничките напори направени од високиот претставник заедно со специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак, за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово“.

ЕУ Самитот во Брисел на 1 и 2 октомври

Брисел по состанокот соопшти дека Борел му порачал на Османи дека ЕУ очекува новата македонска влада да продолжи да ги исполнува своите обврски кон Унијата и да го задржи и забрза спроведувањето на реформите. Борел рече дека Европската комисија во октомври исто така ќе претстави значителен економски и инвестициски план за поддршка на долгорочното закрепнување на Западен Балкан и приближувањето на регионот кон Унијата.

XS
SM
MD
LG