Достапни линкови

Пулицерова награда за Њујорк тајмс и Вашингтон пост


„Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“ добија Пулицерова награда за известувањето за осветлувањето на тековната истрага за можните контакти на изборниот штаб на претседателот Доналд Трамп со руски претставници. „Њујорк Тајмс“ и „Њујоркер“ се добитници на Пулицеровата награда и за ивестувањето од јавен интерес за написите за Харви Вајнстајн и сексуалното вознемирување што беше почеток за движењето „Ми ту“. Најпрестижните награди во американското новинарство се доделуваат во 14 категории. Ова е 102 година како се доделува оваа награда која во 1917 година ја востанови издавачот на новини Џозеф Пулицер.

XS
SM
MD
LG