Достапни линкови

ЕУ Самитот во Брисел на 1 и 2 октомври


Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел

Лидерите на земјите-членки на Европската унија - ЕУ27 - ќе се соберат на Самитот во Брисел на 1 и 2 октомври, потврди денеска Кабинетот на претседателот на Европскиот совет.

Портпаролот Баренд Лејтс вели дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, по втор пат добил негативен резултат на тестот на Ковид-19 и дека продолжува со подготовките за Самитот на кој претседава.

Самитот на лидерите на ЕУ 27 првично беше планиран за 24 и 25 септември, но беше одложен затоа што службеникот за безбедност на претседателот Мишел беше позитивен на коронавирус.

XS
SM
MD
LG