Достапни линкови

Ново рочиште за обвинетите за организирање на „27 април“


Обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и Владимир Атанасовски на прво рочиште од судењето за 27 април

За денеска во Основниот кривичен суд во Скопје е закажано ново рочиште од судењето на обвинетите за организирање на настаните од 27 април во Собранието. Случајот се наоѓа во доказна постапка и на денешното рочиште одбраната треба да почне со изведување на докази.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Според обвинението, тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Судскиот процес го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

XS
SM
MD
LG