Достапни линкови

Либан би можелo да остане без леб за две и пол недели


Пистаништето во Бејрут, Либан по експлозијата

Либан може да остане без леб за околу две и пол недели, бидејќи 85 проценти од житото доаѓа преку пристаништето во Бејрут, уништено во експлозија во минатиот вторник. Ова го изјави денес директорот на Светската програма за храна Дејвид Бизли кој во Бејрут ја проценува штетата од експлозијата во пристаништето на 4 август и изгледите за закрепнување. На онлајн конференцијата на ОН за хуманитарната состојба во Либан по експлозијата, Бизли рече дека неговиот тим утврдил дека, и покрај последиците од експлозијата, пристаништето „може да биде оперативно на привремена основа“.

Донаторите ветија помош од 250 милиони евра за Либан

Во експлозијата на 2.750 тони амониум нитрат кои шест години беа складирани во пристаништето без мерки на претпазливост, загинаа 220 лица, а беа повредени 6.000. 110 лица се водат како исчезнати, додека 300.000 останаа без домови.

Либанската влада поднесе оставка поради експлозијата во Бејрут

Либанците кои долго време ја обвинуваат политичката елита за корупција, небрежност и лошо работење, во последниве денови повторно организираше масовни протести, барајќи реформи.

XS
SM
MD
LG