Достапни линкови

Донаторите ветија помош од 250 милиони евра за Либан


Бејрут

Учесниците на меѓународна конференција на донатори за Либан ветија дека ќе испратат помош од 252,7 милиони евра за земјата. На конференцијата, чиј домаќин беше францускиот претседател Емануел Макрон, донаторите ветија дека итно ќе дадат помош во лекови, болници, училишта, храна и сместување, пренесува Асошиетед Прес. Повеќе од 30 учесници на конференцијата претходно се согласија дека помошта ќе биде испратена директно до населението, со цел да спречат властите да ги злоупотребуваат средствата.

Видео конференција за помош на Либан

„Учесниците се согласија дека нивната помош треба да биде координирана под покровителство на ОН и да се доставува директно до либанскиот народ, со максимална ефикасност и транспарентност“, се вели во заедничката изјава од конференцијата. Тие ветија помош и за „веродостојна и независна“ истрага за експлозијата во Бејрут и ја условија поддршката за закрепнување на Либан со реформи што ги бараа либанските демонстранти. Либан, познат по корупцијата и злоупотребата на јавните фондови и невидливите инфраструктурни проекти, беше погоден од силна експлозија, на 2.750 тони амониум нитрат складирани во пристаништето во Бејрут што уништи дел од градот.

На Либан му требаат 15 милиони долари за најитните здравствени потреби

Во експлозијата загинаа најмалку 160 луѓе, а повредени се околу 6.000. Експлозијата ги налути дополнително либански граѓани, кои долго време ги обвинуваат властите за корупција и небрежност. По завчерашните судири меѓу демонстрантите и полицијата во Бејрут, либанскиот премиер Хасан Диаб објави дека ќе предложи одржување на предвремени парламентарни избори. И синоќа Вечерва беа регистрирани судири меѓу полицијата и демонстрантите.

XS
SM
MD
LG