Достапни линкови

На Либан му требаат 15 милиони долари за најитните здравствени потреби


Во областа погодена од експлозијата, пет болници не функционираат или делумно функционираат, а многу здравствени центри и установи за примарна нега се оштетени или не се во функција.

Светската здравствена организација апелира за помош од 15 милиони американски долари за покривање на итните здравствени потреби на Либан, по катастрофалната експлозија во пристаништето во Бејрут, во услови на економска криза и пораст на случаи со коронавирус.

Експлозијата, во која загинаа повеќе од 150, а беа повредени повеќе од 5.000 лица, исто така уништи 17 контејнери со медицинска опрема на СЗО, вклучително и опрема за лична заштита, соопшти регионалната канцеларија за Блискиот исток.

Во областа погодена од експлозијата, пет болници не функционираат или делумно функционираат, а многу здравствени центри и установи за примарна нега се оштетени или не се во функција.

XS
SM
MD
LG