Достапни линкови

Во Хаг продолжува сослушувањето на Хашим Тачи


Хашим Тачи во Хаг, 13.07.2020.

Денеска продолжува сослушувањето на претседателот на Косово, Хашим Тачи кој вчера шест часа беше испрашуван од меѓународните обвинители за воени злосторства. Тој потоа изјави дека цело време слушал само технички прашања кои му ги поставувале обвинителите и неговиот правен застапник. Специјалното обвинителство го повика Тачи да дојде во Хаг, откако беше обвинет за воени злосторства.

Тачи ќе си поднесе оставка, ако се потврди обвинението

Тачи беше врвен командант на Ослободителната војска на Косово, кој водеше герилска војна за независност од Србија кон крајот на 90-тите. Специјален меѓународен суд го обвини Тачи и други поранешни борци за наводни воени злосторства од страна на ОВК, вклучувајќи убиства, киднапирање и тортура.

XS
SM
MD
LG