Достапни линкови

Протести во Белград: Демонстранти, оклопни возила и Жандармерија

Во Белград втора вечер по ред се одржуваат протести против воведувањето полициски час и други епидемиолошки мерки кои ги најави претседателот Александар Вучиќ поради зголемениот број заболени од коронавирус. Демонстрантите пред Парламентот се судрија со полицијата, која употреби солзавец за да ги растера. Како што јавува дописничката на Радио Слободна Европа, демонстрантите ја гаѓаа полицијата со камења, факли и шишиња, на што таа одговори со солзавец. На платото пред Парламентот има оклопни возила, полициска коњица и Жандармерија.

XS
SM
MD
LG