Достапни линкови

Вучиќ: Пендаровски им се додворува на Германците


Српскиот претседател Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска порача дека македонскиот претседател Стево Пендаровски „им се додворува на Германците“ со изјавата дека се противи на корекција на границите меѓу Србија и Косово. Вучиќ порача дека Пендаровски го коментирал прашањето и покрај тоа што на инаугурацијата во Македонија побарал од него да не зборува на овие теми заради добрите односи меѓу двете држави.

Според него, изјавата на Пендаровски е иста со изречениот став на министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас ден претходно, додавајќи дека Србија се наоѓа во не така лесно опкружување и оти се обидува да разговара со сите, дури и со оние кои ја признале независноста на Косово.

„Го разбирам изборот на многумина од регионот да им ласкаат на најмоќните, понекогаш на неодмерен начин….Кога зборуваат за тоа дека нема територијални промени тие во превод ви кажуваат, и Миро Лајчак и Хајко Мас и Пендароски-целта е Србија да ја признае во целина територијата на Косово како независна држава“, изјави Вучиќ за ТВ Прва.

Вулин: Никој не го бара, ниту го прифаќа мислењето на Пендаровски

Кабинетот на Пендаровски за „Газета Експерес“ соопштил дека македонскиот претседател верува оти решенија, кои можат да доведат до промена на границите и размена на територии и луѓе, може да имаат штетно влијание врз регионот и врз сеопфатните напори што се вложуваат во постконфликтното опоравување на регионот и изградбата на одржливи мултиетнички општества.

XS
SM
MD
LG