Достапни линкови

Вучиќ: Србија реши да ја прифати новата методологија во преговорите со ЕУ


Српскиот претседател Александар Вучиќ и францускиот претседател Емануел Макрон, Белград, 15.07,2019.

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа во Париз изјави дека Србија одлучила да ја прифати новата методологија во преговорите за пристапување со Европската унија. По средбата со претседателот на Франција, Емануел Макрон, тој им рече на новинарите дека одлуката на Србија „предизвикала дополнителна почит кај француската страна“ затоа што токму Париз иницирал промена на методологијата. „Ова ќе значи дека, кога ќе отвориме економски и социјални поглавја, ќе имаме пристап до средствата од тие поглавја што ги отворивме“, рече Вучиќ по средбата во Елисејската палата. Тој оцени дека новата методологија во преговорите со Унијата за членство е „подобра, поповолна и неспоредливо поконкретна“ за Србија.

Вучиќ во Париз на разговори со Макрон

Во врска со фактот дека ЕУ не отвори никакви поглавја во преговорите со Србија во јуни, Вучиќ рече дека тој разговарал за тоа со Макрон, но оти сметал дека со новата методологија „многу поглавја можат да се отворат до крајот на годината“.

XS
SM
MD
LG