Достапни линкови

Во САД над 120.000 починати од ковид-19


илустрација

Во Соединетите држави бројот на заразени со коронавирус постојано се зголемува, а досега се евидентирани и над 120.000 починати, предизвикувајќи тревога дека најлошото допрва претстои. Новите инфекции се зголемуваат во 23 држави, главно во Тексас, Аризона, Џорџија и Флорида каде што има и повисоки стапки на смртност. Седумдневниот просек на нови случаи е околу 27,000, со што САД се вратија на ниво од мај кога голем дел од земјата беше под строги ограничувања на движењето.

СЗО: рекордно голем број заразени со коронавирус во еден ден

Бројките ги потврдуваат предвидувањата дека олабавувањето на рестрикциите во текот на изминатиот месец и половина ќе предизвика забрзување на инфекциите. Во светски рамки, има повеќе од 9 милиони луѓе кои се заразени со вирусот, а над 471.000 умреле, соопшти универзитетот Џонс Хопкинс. Во споредба со Соединетите држави, Европската унија има седумдневен просек од околу 4.000 нови случаи. Бројот на починати во Европа е околу 193.000.

Рестриктивните мерки спасија милиони луѓе од ковид-19

Бразил, второто најголемо жариште на коронавирус по Соединетите држави, надмина 51.000 смртни случаи од коронавирус, иако се верува дека реалните бројки се поголеми. Земјата се бори со повеќе од 1,1 милиони случаи. Индија и Пакистан,исто така, забележуваат зголемени стапки на инфекции, кои им создаваат големи напори на нивните системи за здравствена заштита. Кина и натаму е справува со појавата на коронавирусот во Пекинг.

XS
SM
MD
LG