Достапни линкови

СЗО: рекордно голем број заразени со коронавирус во еден ден


илустрација

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека имало рекордно зголемување на заразени со коронавирус во светот за еден ден, при што најмногу во Северна и Јужна Америка. СЗО соопшти дека вкупниот број на 21 јуни се зголемил за 183.020, а повеќе од половина - 116,000 - биле во Америка. Здравствената агенција на ОН соопшти дека Бразил имал најмногу 54.771 нови инфекции, а следуваат САД со 36.617. Индија е трета со повеќе од 15.400.

Расте бројот на заразени лица од коронавирус во Кина

Америка има најмногу смртни случаи - повеќе од 219,000, покажуваат податоците на СЗО. Бројот на починати во Европа е над 193,000. Досега во светот, ковид-19, болест предизвикана од коронавирусот, уби повеќе од 466,000, а скоро 8,9 милиони биле заразени, објави универзитетот Џонс Хопкинс.

XS
SM
MD
LG