Достапни линкови

Конгресот на САД ќе биде информиран за економските мерки против ковид-19


илустрација

Претседателот на американските Федералните резерви Џером Пауел и секретарот за финансии Стивен Мнучин ќе сведочат преку видео конференциска врска пред Комисијата за банкарство на Сенатот. Станува збор за првото задолжително информирање на Конгресот за економски одговор на пандемијата на коронавирус. Пауел во интервју за Си-би-ес изјави дека економската криза предизвикана од пандемијата има фундаментални разлики со Големата депресија, и економскиот раст на САД треба да продолжи побрзо и покрај многу високата невработеност и длабоката рецесија.

Конгресот поделен за мерките за помош за коронавирусот

Тој тврди дека не може да има нова Голема депресија како од 30-те, бидејќи економијата напредуваше пред пандемијата, банките биле солидни и властите презеле соодветни мерки. Но, според Пауел, може да има пик на невработеноста од 20 до 25 проценти и падот на американскиот БДП за вториот квартал би можел да биде околу 20-30 проценти.

XS
SM
MD
LG